April 18, 2019

ПОЧИНА УШТЕ ЕДНА ПАТНИЧКА ОД МАКЕДОНИЈА, ОД ПРЕВРТЕНИОТ АВТОБУС КАЈ ЛЕСКОВАЦ

Уште една жена починала од патниците што настрадаа во автобуската несреќа кај Лесковац, со што бројот на жртви од несреќата порасна на пет, потврдија од Министерство за здравство.

Починатата цело време била на апарати за дишење на интензивна нега во болницата во Ниш.

Автобусот на струшката компанија „Еуробус“ се преврте ноќта на 16 декмеври… На местото на несреќата загинаа тројца патници, а 32-ца беа повредени… Потоа во болница на повредите подлегна уште една патничка..