February 19, 2019

Над 50 „Места со срце“ ги усреќија дечињата од СОС Детско село

„Место со срце“ на СОС Детско село беше празник на хуманоста.

„И оваа година, втора по ред, им благодариме на сите кои донираа. Тие, заедно со сите вклучени, имаат посебно место во нашите срца затоа што ни даваат надеж дека оваа акција ќе продолжи и истата ќе се надгради на ниво на цела Македонија“, порачаа од СОС Детско село. Скопје, (31.12.2018) На 27ми, 28ми и 29ти декември 2018 година над 50 „Места со срце“ беа исполнети со љубов и топлина. Нивното вклучување во акцијата на СОС Детско село им помогна да ги остварат желбите и потребите на малите и младите кои се без родители и во социјален ризик. Градина, Гет Кафе Аеродром и Кисела Вода, Пастрмајлија Грил Хаус, Сендвичара 7, Пелистер, Coffee Factory, Локал 45, Круг, Скопски Мерак, Кантина, Галери кафе, Фурна, Passion, Bella Vista, Soul Kitchen, Диван бистро, Фирма, PLAY City Caffe, Caffe LEE, City Hall, Public room, Де Гама, Енрико, Вели Ив, Рустикана, Brown Sugar Bar, Baking Bread, FOUR, Brick bar, Brick eat, Backyard, сите локали на Жито Леб, Каза, Гостилница XXL, игротека Авантура, игротека Имагинариум, Балнеум и Екотип беа центарот на хуманоста во Скопје. Тие и нивните посетители ја поддржаа мисијата на СОС Детско село и успеаја да им помогнат во усреќувањето на дечињата. На оваа идеја по сопствена иницијатива, инспирирани од самата кампања и од хуманоста на граѓаните се приклучија и македонските писатели од кои ги издвојуваме Ксенија Николова, Вера Калин и Јован Илиески, кои за време на самата акција својата инспирација ја преточија во пишано четиво на тема “Детска среќа”. „И оваа година, втора по ред, им благодариме на сите кои донираа. Тие, заедно со сите вклучени, имаат посебно место во нашите срца затоа што ни даваат надеж дека оваа акција ќе продолжи и истата ќе се надгради на ниво на цела Македонија“, порачаа од СОС Детско село.

Idea Lab Skopje
Jane Sandanski 71A/2-37
1000 Skopje
+389 70 228 416
ema@idealab.mk
www.idealab.mk