April 21, 2019

Владата ќе ја зголемува минималната плата

Премиерот Зоран Заев потврди дека минималната плата ќе се зголеми.Преку транспарентен процес, вели Заев, ќе се разговара со синдикатите и со работодавачите и ќе се бара соодветното решение.Премиерот смета дека постојат услови за да се зголеми минималната плата на повеќе од 12000 денари.Според него, покачувањето на минималната плата ќе придонесе за зголемување и на просечната плата во приватниот сектор.Разговорите за зголемување на минималецот ќе започнат што поскоро.