February 19, 2019

Груевски сепак се јави – интервју на телевизија – сител

Поранешниот премиер кој е во бегство денеска се огласи преку интервју на телевизијата која многу активно ги подржуваше неговите политики.Груевски ги потцени властите со тоа што кажа дека излегол многу едноставно.Од Македонија отишол во Албанија од каде со помош од Унгарската амбасада бил транспортиран во Унгарија и остава на власта да открие дали било легално или нелегално поминувањето преку границата со Албанија.Неодамна Албанските власти одбиле да помогнат  на истрагата со видео снимки од граничниот премин каде што поминал груевски,но дали од Македонската страна поседуваат снимки останува да видиме откако ке се заврши истрагата. Груевски во интервјуто рече дека не добил помош од власта за бегство,тој смета дека власта не би можела да направи толку добро за него туку напротив повеќе би му наштетила.