April 18, 2019

Микросам на саемот JEC World 2019 го претстави првиот Мулти-Роботски систем за современи композити

Прилеп, Македонија, Март 2019 – На најголемиот светски саем за композити, JEC World 2019, кој се одржува секоја година во Париз, Микросам ги претставуваше своите најнови иновации за производство на современи композити. Најновото достигнување претставува производна ќелија за тродимензионално печатење во простор на современи композитни материјали со повеќе роботи. Ова е прв пат во светот некоја фирма да постигне вакво техничко решение и со тоа Микросам го привлече вниманието на голем број глобални фирми од повеќе индустрии.

Како резултат на 2-годишен истражен проект меѓу Микросам, Институтот за Современи Композити и Роботика во Прилеп, и фирмата Џенерал Атомикс Аеронавигациски Системи од Сан Диего, САД, идејата за производство на композити без алат се претвори во реалност. Идејата потекна од дискусии со НАСА и Џенерал Атомикс за изработка на делови во простор особено во вселена каде е скоро невозможно да се донесе алат. Инженерите од Микросам и Институтот во Прилеп успеаја во изработка на комплексен систем со 2 роботи паралелно.

 

Во системот се искористи технологијата на Микросам за автоматско полагање на композитни траки, за која Микросам неодамна доби патент од Германскиот завод за патенти. Еден робот полага композитен материјал, а друг робот се движи паралелно од другата страна на материјалот и игра улога на алат. За оваа технологија Микросам совлада бројни предизвици, како што се прецизно и координирано движење на повеќе роботи во простор, и обработка на термопластични композити.

Заедно со врвниот софтвер за дизајн, симулација и контрола на роботската ќелија, Микросам поседува и врвни познавања во обработка на термопластични композити. Производите изработени од овој тип композити претставуваат иднина во авионската и автомобилската индустрија бидејќи термполастите се по-еколошки, со можност за рециклирање, и со помош на ласер и прецизна обработка стануваат финални продукти без употреба на печка или други процеси како досегашните композити.

На саемот во Париз, посетителите изразија голем интерес во оваа нова технологија, но особено во технолошките способности на Микросам да излезе во пресрет на секакви идеи за унапредување на широката примена на современи композити. Меѓу фирмите кои пројавија интерес на директните средбите со Микросам се врвните светски производители на авиони, како Бомбардиер, Ербас и Боинг, врвни истражни институти, како Универзитетот за технологија од Џорџија, САД, Националниот Институт за Авионски Истражувања од Вичита, САД, и бројни добавувачи од прва категорија во светот.

Покрај оваа иновација, Микросам ги претстави своите најмодерни машини со кои се произведуваат автомобилски резервоари за хидроген во електричните возила, компресиран метан, авионски делови и машини за композитни репро-материјали.

Со тоа Микросам потврди дека е еден од најдобрите во светот во производство на индустриски роботи за индустријата на современи композити. Современите композити се материјали на иднината кои се користат во авио индустријата, во вселенските истражувања, ракетна индустрија, нафтена и енергетска индустрија и во последно време се пошироко во автомобилската индустрија.

За МИКРОСАМ
Микросам ДОО, од Прилеп, Македонија, е глобално-признат лидер за машини и знаење за композитната индустрија. Има инсталирано повеќе од 240 производни линии за производство на современи композити кај некои од најважните клиенти во повеќе од 40 земји во светот, како Германија, Шведска, САД, Јапонија, Русија, Кина, Кореа, и Индија. Сите машини кои ги произведува Микросам се дизајн-по-потреба користејќи го уникатното познавање од докажани решенија за: 6-осни машини за намотување, роботски решенија за автоматско полагање на ленти и влакна, автоматски линии за производство на резервоари за гас, препрези и слично. Интегрирани со врвен софтвер за симулација и процесна автоматизација, Микросам нуди автоматска контрола на производен процес за современи композити. Во нашиот истражен центар се прави прототип, дизајн, тестирање и изработка на технологија.

Информацијата ја испрати до нашиот портал:

Ema Anchevska

Managing Director

Idea Lab Skopje

Jane Sandanski 71A/2-37

1000 Skopje

+389 70 228 416

ema@idealab.mk

www.idealab.mk

 

Cellulari e Smartphone